Шведска беше една од најбезбедните европски земји, а сега на улиците владеат банди…

Шведска беше една од најбезбедните европски земји, а сега на улиците владеат банди…

Шведската полиција се мачи во борбата со криминалните кланови, а насилството ескалира во скандинавската земја која инаку е позната по ниската стапка на криминал.

Десетици криминални банди имаат значително влијание во некои од најсиромашните градски квартови во Стокхолм, но и во останатите шведски градови.

Пукотниците и експлозиите станаа секојдневие во шведските градови, а тамошните медиуми често известуваат за војни на кланови на дилери, дрога, уцени, одмазди и сведоци кои одбиваат да соработуваат со властите поради страв од одмазда.

Дали сте го гледале филмот „Кум“? Ова во Шведска потсетува на тоа“, изјави новинарката Јохана Бакстром Лернебл, авторка на кинга за една од најозлогласените банди во Шведска.

Членовите на бандата поврзани со едно семејство за кое неодамна пишувала Лернебл, завршиле на насловните страници на шведските медиуми затоа што за време на судир со ривалска банда, поставиле импровизирани бариери на улиците, сопирале автомобили и од луѓето барале лични документи.

Телевизијата „СВТ“ разговараше со лице кое се претстави како Самир. Тој објаснил дека контролните пунктови биле поставени за да се „заштитат жителите и децата од тој крај“.

Конфликтот бил прекинат кон крајот на август, но не благодарение на шведската полиција, туку поради тоа што претставници на неколку банди се состанале во хотел во Гетебург и договориле примирје.

Тоа е фрустрирачки. Добро е како краткорочно решение, но е постигнато на погрешен начин. Криминалната мрежа меѓусебно се договори, а ние од власта останавме на страна“, изјави локалниот полицаец Фредрик Терје за „СВТ“.

Ова стана голема тема во шведските медиуми, а на почетокот на септември заменик шефот на полицијата Матс Лофвинг изјави дека во земјата оперираат над 40 семејни банди.

Тие не сакаат да станат дел од шведското општество“, смета Лофвинг и нагласува дека тие криминални семејства пристигнале во Шведска само за да се занимаваат со криминал и да воспостават паралелен систем на власт.

Речиси сите криминални банди кои оперираат во досега мирната скандинавска земја се мигранти, меѓутоа за тоа и натаму не се зборува јавно во Шведска, посебно откако властите дозволија нов прилив на мигранти за време на кризата пред неколку години.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds