Швјонтек ја нанижа 33. победа за полуфинале на Ролан Гарос

Швјонтек ја нанижа 33. победа за полуфинале на Ролан Гарос

Полската тенисерка Ига Швјонтек се пласираше денеска во полуфиналето на Ролан Гарос, совладувајќи ја Американката Џесика Пегула со 6-3, 6-2.

За најдобрата светска тенисерка во моментов ова беше 33. победа во серија, а за триумфот над Пегула и беа потребни 91 минута.

Противник на Швјонтек во полуфиналето на турнирот во Париз ќе биде Русинката Дарија Касаткина.

Русинката обезбеди полуфинале со триумфот над сонародничката Вероника Кудерметова со 2-0 во сетови за два часа и пет минути игра.  (МИА)

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds

Generated by Feedzy