Си го убил братот па побегнал во Македонија – Упасен маж од Пожаревац

Си го убил братот па побегнал во Македонија – Упасен маж од Пожаревац

Маж од Пожаревац, Србија, кој си го убил братот и побегнал во Македонија, за да избегне казна, пронајден е во кавадаречко и уапсен.

-Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за општ и насилен криминал при МВР по добиено барање од Интерпол Белград, а во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка, СВР Куманово, ОВР Кавадарци и РЦ за ГР Север, на 29.09.2021 на територија на општина Кавадарци, во место викано Шамаци, го пронајдоа и  лишија од слобода  српскиот државјанин А.Ф. (43) од Пожаревац, кој во Република Србија е осомничен за сторено кривично дело “свирепо убиство“ на неговиот брат. Приведениот е предаден на полициските служби на Република Србија за понатамошна постапка, информираат од МВР

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds