Си замина единствениот човек кој имаше став, а не ст(р)ав. Нека Аллах џ.ш го награди со џеннет.

 Си замина единствениот човек кој имаше став, а не ст(р)ав. Нека Аллах џ.ш го награди со џеннет.

Јас (не)мислам така јас имам ст(р)ав.

Да токму така, Шеко беше еден од ретките кој немаше страв, туку она вистинското имаше (СТАВ), став зад кој секогаш стојам и го потврдуваат она што го мислам и поткрепувам со факти дека е така така во повеќе средби ни велеше Шеко.

Тешко е да се опише чувството кога човек ќе започне во себе да чувствува некаква празнина, дека нешто му недостасува од мозаикот за да биде цел, за жал таа празнина тешко се надополнува, ама и потсетува на вредноста на човекот.

Возвишениот Аллах, џ.ш на мојот и Вашиот Шеко, одлучи неговото патување на овој свет да го заврши денес, и поведе онаму каде што на сите нам иншАллах ни е местото, џеннетот.

Самата вест за неговото преселување на Ахирет, некако веднаш како длабоко во нас да го подтурна чувството, чувството кое го најави неговото недостигање, пред сё ни беше драг пријател, роднина и нешто од кого можевме да научиме и учевме, без разлика дали тоа беше политика, историја, или пак музика.

Еве, веќе поминаа неколку саати а ние во неверување ги потеснуваме мислите дека е некој сон, од кој ќе се разбудиме, и дека во некој момент ќе зазвони мобилниот и ќе ни најави некој нова колумна, ќе побара нешто од нашата архива, за да остави трага зад она за што се бореше, да докаже дека навистина има став, а не страв.

За жал, реалноста е сосема друга, Шеко ни замина, а зад себе остави многу дела и успеси од онаа поле во кое се бореше. Се бореше и не избираше средства кој стои пред него, и секогаш излегуваше како победник, токму заради тоа што во своите раце како оружје ги имаше фактите.

Ние сме нешто посебно, и поразлично, Иса, мора тоа да го сватиме и вреднуваме, еве гледаш години наназад сите мои тврдења имаат тежина, не само туку така зборувам. Започнавме како така да се бориме, и иншАллах да имаме луѓе кои ќе продолжат да се борат за овој милиет(народ), да не исчезнеме во дивите води на политиките и на оние кои им одговара да не снема , – во една пригода ни рече Шеко.

Еве веќе одминуваат часови, и нас веќе ни е јасно дека Шеко повеќе го нема, а и нема потреба што уште да се пишува, бидејќи нема зборови кои можат да го опишат неговото постоење на овој свет, а ниту нашата болка од неговото заминување.

Нека Возвишениот Аллах џ.ш иншАллах го награди и отвори вратите на џеннетот бидејќи за ваквите луѓе не постои друга награда освен.таа.

Извор:Dubai-portal.com.mk

>
>