Сиднеј под вода: Епските поплави во Австралија не стивнуваат

Сиднеј под вода: Епските поплави во Австралија не стивнуваат

Големи поплави ја погодија Австралија и во нив досега загинале 21 лице. Нова опасност е прелевање на браната на езерото Менли, поради што се евакуирани илјадници луѓе.

Силни дождови, свлечишта, удари на ветер и бранови ја погодуваат Австралија веќе со недели по таканаречените атмосферски реки кои се појавиле над овој континент, а моментално Сиднеј е на удар на “Библиски поплави”, пишува “Guardian”.

67-годишна мајка и нејзиниот 34-годишен син се обиделе да се евакуираат од тој град при што нивниот автомобил бил поплавен на улица. тие се последните меѓу 21 жртва на поплавите во таа земја. Само во Сиднеј и околината животот го изгубиле осум лица.

Досега од своите домови во нов Јужен Велс, држава чија престолнина е Сиднеј, се евакуирани околу 40.000 луѓе.

Во самиот Сиднеј отежната е работата на подземната железница, откако водата поплавила бројни тунели и станици. Поплавени се и бројни улици и автомобили, а сообраќајот е отежнат.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds