
Силен земјотрес ги вознемири Струга и Охрид утрово
Земјотрес со јачина од 4.4 степени според Рихтеровата скала синоќа во 03.39 часот е регистриран во Албанија.
Според податоците од ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот бил 22 километри западно од Поградец, односно 32 километaр југоисточно од Елбасан на длабочина од само 2 километри.
Земјотресот бил почувствуван и во Македонија, во охридско-струшкиот регион.