Силен земјотрес ја погоди Албанија

 Силен земјотрес ја погоди Албанија

Силен земјотрес ја погоди Албанија во петокот во 16:08 часот. Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот бил на 37 километри североисточно од главниот град Тирана и на 2 километри од градот Булќизе.

„Страшно“, „Силен земјотрес“, „Се почувствува навистина силно на 6-ти кат“, „Заспав кога каучот почна да се тресе“, гласат дел од коментарите на дел од локалното население на веб-страницата на „EMSC“.

x