
Силен земјотрес со магнитуда 7,8 ја погоди Алјаска, издадено предупредување за цунами
Земјотрес со проценета јачина од 7,8 степени го погоди брегот на Алјаска.
Епицентарот на земјотресот се наоѓа на 98 километри југоисточно од Перивил на Алјаска на длабочина од 10 километри, според американскиот Геолошки завод.
„Сѐ што е под 70 километри се смета за плиток потрес. Плитките потреси често предизвикуваат најголема штета, во споредба со длабоките, без оглед на нивната сила“, објасни метеоролошката Алисон Чинчер за Си-ен-ен.
По земјотресот властите издадоа предупредување за цунами за Алјаск