Силна експлозија одекна на аеродромот во Јемен: Драма за време на слетување на авион

 Силна експлозија одекна на аеродромот во Јемен: Драма за време на слетување на авион

Силна експлозија одекна на аеродромот во градот Аден во Јемен во моментите кога слета авионот на новата влада.

„Експлозијата одекна во делот од аеродромот наменет за патници за полетување, додека во истиот момент слетуваше авионот со министрите на новата влада“, соопштија локалните власти и потврдија дека според првичните информации, пет лица загинаа, а 20-тина се повредени.

Членовите на новата влада кои пристигнаа од Саудиска Арабија не се повредени, затоа што во тоа време се наоѓале во авионот.

Новата јеменска влада претходно положи заклетва во Ријад каде што се наоѓа и претседателот на земјата Абду Рабу Мансур Хади.

Аден е привремената престолнина на владата на Јемен која е признаена од меѓународната зедница после бунтот на Хутите во 2014-та година. Вистинската престолнина на земјата, Сана веќе шест години е под контрола на Хутите.

>
>