Силна експлозија во Виена: Уништен покривот на стамбена зграда- најмлаку три лица повредени (ВИДЕО)

 Силна експлозија во Виена: Уништен покривот на стамбена зграда- најмлаку три лица повредени (ВИДЕО)

Силна експлозија во станбена зграда во Лангенцерсдорф близу Виена се случи утрово во 7 часот и 45 минути, по што се сруши покривот.

Три лица се повредени, од кои едно потешко. Експлозијата се случи на последниот кат, кој беше целосно уништен.

Уништени се и неколку паркирани автомобили пред зградата, а очевидците изјавија дека слушнале силна експлозија што предизвикала пожар и густ чад што сè уште лебди над зградата, бидејќи пожарникарите вложуваа големи напори да го изгаснат пожарот.

Засега не е позната точната причина за експлозијата, сепак, државната канцеларија на криминалистичката полиција верува дека станува збор за гас, пишуваат локалните медиуми.

>
>