Силно невреме ја погоди Србија: Град со големина на пинг- понг топче предизвика големи штети

 Силно невреме ја погоди Србија: Град со големина на пинг- понг топче предизвика големи штети

Силно невреме проследено со дожд и голема невреме со град ја погоди Србија, а според мештаните на неколку села на територијата на општина Горњи Милановац, најголема штета претрпеле земјоделските култури.

Невремето траело 20 минути, а во некои делови е формирана прекривка од десетина  сантиметри град.

Најголема штета е предизвикана во делови од Драгољско брдо. Најмногу страдаа сливите, малините, пченицата и детелината, изјави Никола Јакимовиќ, претседател на МЗ Драгољ, за РИНА.

Силно невреме е забележано и во Топола. Најголема штета е предизвикана во неколку села.

“Градот беше со големина на пинг-понг топче, а подоцна и помал. Во селото Шуме, град паѓаше речиси 20 минути. Најголемата штета е на црешите, кои се пред берба, но и на виновата  лоза и јаболкото. Слушнавме дека испукале ракети, но не знаеме точно колку “, велат мештаните.

x