Силно невреме со обилни врнежи од дожд и град го зафати Истанбул

 Силно невреме со обилни врнежи од дожд и град го зафати Истанбул
data-language="en"

Силно невреме го погоди денес Истанбул и доведе до потешкотии при извршувањето на секојдневните обврски на жителите на најголемиот град во Турција, јавува Агенција Анадолија (AA).

Силни врнежи од дожд, грмежи и град го зафатија градот на два континента. Невремето создаде и голем метеж во сообраќајот, а неспремните граѓани бараа засолниште.

Некои возила останаа блокирани во водата. Во тек се акциите на пожарникарите и спасувачките екипи.

Причинета е и материјална штета на некои возила и станбени објекти.

Кратко во прекин беше и сообраќајот на трамвајот кој сообраќа на релацијата Кадикој – Мода.