Сирените повторно се огласија во Косовска Митровица: Србите се собираат во Звечан

Сирените повторно се огласија во Косовска Митровица: Србите се собираат во Звечан

Во северниот дел на Косовска Митровица повторно се огласиле сирените, а како што јавуваат локалните медиуми причина за новата тревога е апсењето на Србин, поранешен припадник на косовската полиција.

Како што јави агенцијата Бета, во тек е собир на вработени во институциите во Звечан.

Телевизијата Н1 јави дека неколку патни правци се блокирани на подрачјето на општините Звечан и Лепосавиќ.

Претходно беше најавено дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва во 19 часот ќе им се обрати на граѓаните во врска со последните инциденти на северот на Косово. (МИА)

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds

Generated by Feedzy