
Сите го паметиме како Полат од „Долина на волците“ – на актерот му се закануваат 12 години затвор
Неџати Сасмаз, добро познатиот турски актер кој сите го знаеме од серијата „Долина на волците“ каде го глумеше ликот на Полат Алемдар, неодамна во медиумите на големо беше споменуван дека е дел од скандал.
Актерот е обвинет за нарушување на приватноста.
Поточно, станува збор за прислушкување на неговата сопруга Нагехан Сасмаз, со која актерот сакаше да се разведе.
Токму Нагехан поднесе тужба против Неџати под обвинение за „нарушување на приватноста и приватниот живот“ и „кршење на доверливоста на верижна комуникација“
Поради ваквото кршење на нејзините права, на актерот му се заканува казна затвор до 12 години.
Оваа постапка, актерот ја правеше додека парот беше во фаза на развод, каде што по обезбедувањето на овие телефонски разговори ги презентираше на суд како доказ, мислејќи дека ќе биде фаворизиран, но всушност се случи спротивното.