• 19/09/2020

Сите училишта во Струга бараат настава со физичко присуство

 Сите училишта во Струга бараат настава со физичко присуство
loading...
Advertisement

Општина Струга бара од Министерството за образование да се  овозможи  настава со физичко присуство во сите основни и средни училишта. Ваквото барање следува по средбата со сите директори на училиштата кои тврделе дека имаат услови за организирање настава по сите протоколи. Во училиштата каде што бројот на ученици е над илјада се бара времетраењето на часот да се намали.

„Ако малку се скратат часовите ќе има можности и таму во смени да се организира наставата со физичко присуство. Мислам дека анализата наша покажува дека ако часот се скрати за околу пет минути, може да има настава во три смени“, рече Дашмир Насуфи-општина Струга.

„Протоколот според министерството за образование  предвидува 30 минути еден час, а ние предлагаме 20 минути да биде еден час. И да се поделат учениците во што помали  групи, за да развиваме настава“, изјави Лаура Шапе-директор на ОУ Браќа Миладиновци Струга.

Од општина Охрид велат дека секое училиште согласно можностите изготвува план и програма и до 10 септември преку општината ќе ги достави до комисијата во министерството за образование.

„Во најголем дел од средните училиштата ќе се бара комбиниран модел на настава, а во средното угостителско училиште настава со физичко присуство. Помалите училишта во руралните средини ќе побараат физичко присуство, додека во поголемите училишта во градот комбиниран модел“, наведуваа од Секторот за образование во општина Охрид.

Училиштата и во Струга и во Охрид чекаат да добијат топломери и средства за дезинфекција од општините.

Од секторот за образование велат дека се подготвуваат да ги опремат училиштата со квалитетен интернет и нагледни средства , мерачи за температура, хигиенски и дезинфекциони средства.