Скокнала од авион, а падобранот не се отворил: Благодарение на неверојатна среќа останала жива

Скокнала од авион, а падобранот не се отворил: Благодарение на неверојатна среќа останала жива

Џордан Хетмејкер, од Вирџинија Бич во САД, одвај преживеала пад по скок од авион со падобран.

Таа својот прв скок го имала во 2015-та година и веднаш се заљубила во падобранството. Нејзината љубов била толкава што подоцна одлучила да се обучи за лиценца, бидејќи така можела самостојно да скока. Меѓутоа, 35-годишната Џордан на 14-ти ноември 2021-ва година доживеала страшна несреќа.

По скокот, по десетина секунди слободен пад, го повлекла јажето за да го отвори падобранот, но пилотскиот падобран, оној помалиот, бил замотан околу нејзината нога.

Таа паѓала со брзина од 201 километар на час, без ништо што може да ја забави, а додека очајнички се обидувала да се ослободи, нејзиниот резервен падобран автоматски се пуштил. Притоа двата надувани падобрани одлетале еден од друг, туркајќи ја кон земјата со уште поголема брзина.

„Се се случи многу брзо. Немав никакви мисли бидејќи се вртев толку брзо и не знаев што се случува“, се потсетува Џордан. Таа удрила во земјата 20 секунди откако го повлекла јажето за ослободување, а целото време останала свесна.

„Прво се обидов да се оттурнам од земјата, а кога не можев да мрднам ништо, прва помисла ми беше дека сум парализирана“, рекла таа, па додала:

„Прво удрив со левата нога, а потоа се одбив од задникот и паднав на лице, и така го скршив грбот. Имав екстремни болки во грбот и во нозете“.

Возилото на итната помош ја пренело во Општата болница Сентара Норфолк, каде и било кажано дека скршила поголем дел од долниот дел на грбот, тибијата и скочниот зглоб како и дека се здобила со повреди на рбетниот мозок.

Џордан морала да мине најголем дел од месецот во болница, каде лекарите и го декомпресирале рбетниот мозок, пред да направи операција на рбетот, тибијата и скочниот зглоб. И покрај се, останала среќна и благодарна.

„Бев многу благодарна што сум жива“, се потсетува таа.

Сега планира двонеделно пешачење на Монт Еверест и покрај фактот дека се уште пати од повреди на рбетниот мозок.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds