Скромно украсување на Струга за новогодишните празници

Скромно украсување на Струга за новогодишните празници

Со оглед на кризната состојба во енергетскиот сектор, Општина Струга скромно ќе го украси само централното градско подрачје за новогодишните празници без финансиски средства од буџетот на општината.

  • На седница на Совет се изгласа дека Општина Струга нема да употреби финансиски средства од сопствениот буџет околу предновогодишното украсување на градот како и за дочекот на новогодишната ноќ. Декорација на градот ќе се изврши во централното градско подрачје, скромно и ќе биде изведено од ЈП Комунално, Струга. Ваквата одлука е донесена со оглед на кризната состојба во енергетскиот сектор. Тие средства ќе бидат пренаменети за потребите на јавните претпријатија кои се во интерес на граѓаните, информираат од општината.

Додаваат дека забавата за деца како и секоја година ќе продолжи со прошетка на Дедо Мраз низ градот, ќе се поделат награди и подароци, доделување на штедна книшка во износ од 15.000 денари за три прво роденчиња во Општина Струга.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds