• 24/09/2020

Слаб снег на неколку планински превои

 Слаб снег на неколку планински превои
loading...
Advertisement

Слаб снег утринава има на неколку планински превои. Авто мото сојузот информира дека снег провејува на Попова Шапка, Маврово, Стража, Крушево и Буково.

На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива по влажни коловози.

Надвор од градските средини, интензитетот на сообраќајот е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.