Славчо Попоски: ГРАЃАНИТЕ ЗА СКОРО ВРЕМЕ ДА НЕ ОЧЕКУВААТ СНЕГ И СНЕЖНА ПОКРИВКА – ДЕТАЛИ ТУКА

 Славчо Попоски: ГРАЃАНИТЕ ЗА СКОРО ВРЕМЕ ДА НЕ ОЧЕКУВААТ СНЕГ И СНЕЖНА ПОКРИВКА – ДЕТАЛИ ТУКА

Според најновите анализи кој ги направивме укажуваат на тоа дека во најскоро време снег и снежна покривка во Македонија нема да има, односно во текот на следниот период ќе имаме претежно стабилно, суво и сончево време, повремено со умерена облачност.

Ќе биде претежно тивко со што ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност по одделни котлини, особено во ноќните и во претпладневните часови. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13, 14 степени што значи дека поголемо заладување на времето засега не се очекува.

И во Скопје и околината следува период на стабилно и суво време со услови за појава на магла и на ниска облачност, особено во ноќните и во претпладневните часови. Максималните дневни температури во текот на следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 10 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука