Следниот викенд пред нас ќе донесе снежни врнежи на цела територија

 Следниот викенд пред нас ќе донесе снежни врнежи на цела територија

Според најновите излези на нумеричките модели, за време на викендот кој доаѓа следува ГОЛЕМА ПРОМЕНА на времето кај нас. Студениот бран кој се движи кон нашите краишта и тоа од северните предели на Европскиот Континент ќе услови формирање на СНЕЖЕН ЦИКЛОН над Италија и Балканскиот Полуостров.

Во денот сабота на 26 декември ќе имаме ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд на ниските и снег на повисоките места и на планините, каде ќе дојде до формирање на бела покривка. Ќе започне да дува северен ветер и температурите нагло ќе опаѓаат, особено кон крајот на денот, како и во текот на ноќта кон недела.

Во сабота навечер, како и во текот на ноќта кон недела но и во недела претпладне врнежи од снег и формирање на снежна покривка ќе има во поголем дел од државава.

Понатаму се следи секоја ново настаната состојба околу нумеричките модели, граѓаните навремено ќе бидат информирани доколку се случи некоја измена на истите.

Се на се, условите за снег за викендот и тоа како се добри во моментов.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

>
>