Следува драстично зголемување на температурите – Живата на термометарот оди на 25 степени

 Следува драстично зголемување на температурите – Живата на термометарот оди на 25 степени

Под влијание на влажен бран од југ, денес и утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во текот на ноќта и утре наутро, особено во југозападните и јужните делови од земјава (каде локално ќе наврнат и над 20 л/м2). Дневната температура во овие два дена осетно ќе се намали, а во сабота ќе дува и умерен до засилен северен ветер.

Значително затоплување се очекува од средината на следната седмица.

Прогноза за 26.04.2021
Минимална температура: 1°C до 8°C
Максимална температура: 17°C до 23°C
Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има зголемувње на облачноста, а во вечерните часови слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 27.04.2021
Минимална температура: 5°C до 10°C
Максимална температура: 16°C до 22°C
Променливо облачно со слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 28.04.2021
Минимална температура: 4°C до 10°C
Максимална температура: 19°C до 25°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

>
>