Следуваат тестирања за корона вирус во Струга

Следуваат тестирања за корона вирус во Струга

Бројката на заболени од корона висрусот во Македонија се искачи на 42.  Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани 11 нови случаи. Денеска се очекува да има резултати од 22 нови тестови. Масовни тестирања на корнавирус од понеделник ќе се прават во Скопје, а викендов во Струга и околината.

„Целта на масовните скринизи е да ги уловиме групите луѓе кои можеби и не се свесни дека го имаат вирусот. Тоа не може да почне нагло, мора да биде со план, кој епидемиолозите веќе го работат. Оваа недела може да се почне со Струга и околината поради интензивната комуникација со Дебар. Од понеделник, веројатно, ќе може да се почне во Скопје. Ќе се тестрираат лица од делови во кои се движеле пациентите кај кои веќе е потврден вирусот. Се прави план каде тие се движеле географски распоредени во државата. Тестраните мора да имаат некаква индикација, епидемиолошка врска со која било група од досега индицираните“, рече министерот Филипче.

Тој уште еднаш нагласи да се почитуваат сите препораки.

Извор:Strugaonline

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds