Словачка од утре под целосен „локдаун“

 Словачка од утре под целосен „локдаун“

Словачката Влада одлучи од утре земјата да е затворена во следните две недели поради зголемениот број на новозаразени лица со Ковид-19.

– Од четврток, 25 ноември, во Словачка ќе биде воведен „локдаун“ низ целата држава, изјави вицепремиерот Рихард Сулик.

Затворањето вчера го најави претседателката на Словачка, Зузана Чапутова, која истакна дека земјата ја губи битката против Ковид-19 и оти е потребно заклучување за сите граѓани.

x