Словенци го искачија највисокиот европски оџак

 Словенци го искачија највисокиот европски оџак

Словенечките качувачи Јања Гарнбрет и Домен Шкофиц успешно го совладаа искачувањето по највисокиот оџак во Европа.

Се работи за оџак во градот Трбовље, кој се наоѓа токму во нивната татковина Словенија.

Оџакот е дел од Термоелектраната Трбовље и е висок 360 метри, највисок на целиот континент.

>
>