Словенија од ноќеска го затвори авиосообраќајот до 30 март

Словенија од ноќеска го затвори авиосообраќајот до 30 март

Од ноќеска на полноќ, Словенија целосно го забрани патничкиот авиосообраќај. Забраната за летови до земјите членки на ЕУ и до другите држави ќе трае до 30 март. Мерката може да биде продолжена доколку има потреба за такво нешто.

Забраната не важи за карго-авионите. Дозвола за летање ќе добијат и сите летала кои ќе носат лекови и медицински материјали, како и оние кои ќе превезуваат болни лица.

Државата прави напори да ги врати сите словенечки државјани кои се во трети земји. Од друга страна, пак, во Словенија има заглавено руски државјани, и земјата е во комуникација со Русија за враќање на истите во нивната земја.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds