Словенија олеснува некои мерки против коронавирусот

 Словенија олеснува некои мерки против коронавирусот

Словенија продолжува со попуштање на мерките воведени поради коронавирусот а денес олесни неколку ограничувања кои се однесуваат на масовни собири, капацитети за сместување и купување.

Присуство на јавни манифестации се уште е ограничен на лица и посетители кои се вакцинирани, оздравени од Ковид-19 или тестирани, но од денес ќе може да биде исполнет 75 отсто од капацитетот, во одно на они 50 отсто кои важеа до сега, јавува СТА а пренесува Танјуг.

На отворени простори, посетителите кои што ќе седат ќе морада бидат одалечени најмалку еден метар, додека оддалеченоста од 1,5 метри и понатаму важи за оние кои стојат, освен за членови на семејството.

Од денес, туристичките капацитети со најмногу 60 сместувачки единици можат да понудат до 45 сместувачки единици, додека поголемите, вклучително и камповите, можат да пополнат до 75% од нивниот капацитет.

Од денес, базените се отворени за сите гости кои биле вакцинирани, тестирани или оздравени од „ковид-19“, персоналот исто така мора да ги исполнува овие критериуми, сето тоа според ограничувањето на капацитетот од 75 проценти.

Забраната за сервирање и консумирање храна и пијалоци е укината, а продавниците мора да обезбедат 10 квадратни метри по клиент, што е помалку од претходните 20.

x