• 25/09/2020

Словенија – прва земја во Европа што прогласи крај на епидемијата

 Словенија – прва земја во Европа што прогласи крај на епидемијата
loading...
Advertisement

Словенија е првата европска земја што прогласи крај на епидемијата на коронавирус. Словенечката влада го прогласи крајот на епидемијата на телефонска сесија во четвртокот. Националниот институт за јавно здравје процени дека сите показатели покажуваат дека ширењето на коронавирусот се смирило, односно дека се регистрирани вкупно 35 нови случаи на инфекција во последните 14 дена.

Првиот потврден случај на коронавирус во Словенија е регистриран на 4 март. До 13 мај биле потврдени 1.464 случаи на инфекција, а од ковид-19 починале 103 лица. Епидемија на коронавирус во Словенија беше прогласена на 12 март.