Словенија влегува во двонеделен карантин, укинат јавниот превоз

 Словенија влегува во двонеделен карантин, укинат јавниот превоз

Словенија од денеска воведува нови построги мерки што ќе бидат во сила следните две недели со цел да се спречи зголемувањето на бројот на заболени од коронавирусот.

Една од мерките ќе биде привремено укинување на јавниот превоз, а сите продавници, освен оние што продаваат храна, ќе бидат затворени.

Училиштата и градинките остануваат затворени. И сите собири, освен на членови од исто домаќинство, ќе бидат целосно забранети.

За венчавки ќе биде потребна дозвола од министерството за труд.

Некои од тие мерки ќе стапат во сила денеска , како што е мерката што забранува собири, а другите ќе бидат прогласени во сабота или понеделник.

Промени се воведуваат и на границите. Од 16 ноември сопствениците на имот во соседната земја повеќе нема да можат да влегуваат во словенија без карантин,

Исто така, веќе нема да може да се посетуваат членови на семејството на 72 часа надвор од шенген зоната.

Вчера во словенија беа регистрирани нови 1925 случаи на коронавирус, а починаа – 41 лице.