Словенската економија се отвора: Секој полнолетен граѓанин добива 100 евра

 Словенската економија се отвора: Секој полнолетен граѓанин добива 100 евра

Поради подобрување на епидемиолошката состојба од понеделник Словенија повторно дозволува работа на целата трговија и услужните дејности.

Работата на ноќните клубови и дискотеки ќе биде ограничена до полноќ, објави Владата.

Услужните дејности, како што се фризерските и козметичките салони ќе мораат неделно да ги тестираат вработените на Ковид-19, а истата процедура ќе важи и за работниците во казината, саемите и конгресните активности.

Останува обврската на поголеми настани да присуствуваат само вакцинирани, прележани или претходно тестирани граѓани.

Освен тоа, Владата објави дека секој полнолетен граѓанин ќе добие бон од 100 евра за трошење во угостителство, туризам, или за спортски и културни активности.

Помладите од 18 години, пак, ќе добијат по 50 евра. Овој пакет е вреден 243,5 милиони евра.

>
>