• 22/09/2020

Снег на Алпите, невреме во регионот- Студена воздушна маса и силно невреме се движи кон Македонија

 Снег на Алпите, невреме во регионот- Студена воздушна маса и силно невреме се движи кон Македонија
loading...
Advertisement

Интензивни врнежи од снег на Европските Алпи, големо невреме во регионот, се во склоп на студената воздушна маса која се спушта од север. Невремето во регионот ќе продолжи и понатаму, а истото полека се спушта и кон Македонија, па така од утре следува период на доста нестабилно и посвежо време со чести врнежи и грмежи во најголем дел од државава, соопштува метеорологот Славчо Попоски.

Локално процесите ќе бидат интензивни и застапени во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд (над 30 л/м2), силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Исто така локално во следниот период се очекува да наврне значително количество на воден талог, кое може да надмине 60 л/м2 па така поради ова постојат услови, и опаснот од локални поплавувања.

Максималните дневни температури на воздухот во текот на утрешниот ден ќе бидат во опаѓање и тоа во текот на денот. Истите ќе се спуштат за 7 до 8 степени и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 31 степен.