
Снег парализираше делови од Франција, има и жртви
Додека ние сеуште уживаме во речиси пролетни температури Франција е парализирана од снег.
Едно лице го загуби животот во обилните снежни врнежи што од синоќа зафатија делови на Франција. Од кршење на стебла и гранки во прекин се повеќе електрични водови, а без струја се 300.000 домаќинства.
Снегот предизвикува и проблеми во сообраќајот, а делумно е прекинат и железничкиот сообраќај. Привремено е забрането камиони да сообраќаат на сите автопатишта во регионот на лион и на повеќе приградски патишта.