Снег во Хрватска

 Снег во Хрватска

Силна промена на времето во Хрватска. Од раните утрински часови врне снег во внатрешноста на Хрватска и на планините. Температурите во делови од земјата паднаа под нулата.

Од рано утрово снег вее и во Загреб.

Во Хрватска денеска ќе биде претежно облачно и забележително постудено со лапавица и снег што ќе создаде снежна покривка во внатрешноста, пред сѐ на планините, соопшти Државниот хидрометеоролошки институт (ДХМЗ). На Јадранот ќе врне дожд, претежно во северниот дел, а ќе вее и снег. Во Далмација се можни локално поизразени врнежи од дожд и грмежи.

Во вечерните часови ќе има постепен прекин на врнежите и намалување на облачноста.

И за утре во Хрватска е најавено слично време.

>
>