Снег во Маврово, Шапка и Страцин – УХМР најавува врнежи и од замрзнат дожд

 Снег во Маврово, Шапка и Страцин – УХМР најавува врнежи и од замрзнат дожд

Облачно време со повремен слаб дожд во утринските часови ќе преовладува денеска во земјава. На некои повисоки места и на планините се очекува слаб снег, а можна е и изолирана појава на замрзнат дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер, информира УХМР.

Според фотографиите објавени на социјалните мрежи, снег врне во Маврово уште од вчера вечерта.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има на Попова Шапка и Страцин, но сообраќајот се одвива без пречки.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.