
Снегот парализираше делови од Србија, илјадници без струја, турнати далеководи…
Машините за отстранување на снег пробуваат да ги пробијат дел од селата во Србија кои ги зафати снежна бура и останаа без електрична енергија во областа Ужице.
Утрово беа испратени 15 машини за чистење снег до сите села на платото Пештерска, без оглед дали патот е непрооден или не, вели претседателот на општина Сјеница, Муниб Мујдагиќ.
Мујдагиќ рече дека во некои делови на Пештера има покриено снег и до 30 сантиметри, но дека сите патишта ќе бидат проодни до крајот на денот.Исто така, според податоците од теренот во областа Ужице, илјадници и илјадници луѓе се без струја утрово, а на теренот има бројни екипи на ЕПС кои се обидуваат да ги поправат дефектите.