Снегот во Струга предизвика прекини на струјата и водата

 Снегот во Струга предизвика прекини на струјата и водата

Првиот ден од пролетта во Струга осамна со снег. Снежната покривка, која во некои струшки села изнесуваше 20-тина сантиметри предизвика прекин во напојувањето со електрична енергија, што доведе до прекин и со водоснабдувањето.

– Како резултат на лошите временски услови, во дел од градот имаше прекин на електричната енергија, што предизвика и недостаток на вода. Се надеваме дека овој проблем за кратко време ќе го реши ЕВН, соопшти Јавното претпријатие „Водовод и канализација”.

Снегот не предизвикува проблем во сообраќајот, коловозите и фрекфентните улици се чисти. Снежната покривка се задржува на тротоарите, што го отежнува движењето на пешаците.

>
>