Снежна бура ја погоди Германија, 28 повредени во сообраќајни несреќи

 Снежна бура ја погоди Германија, 28 повредени во сообраќајни несреќи

epa08993508 Snowplows in a snowstorm on an icy road near Schlutter, northern Germany, 07 February 2021. A heavy winter storm with cold easterly winds brings ice and fresh fallen snow with snow drifts. Many railway services in the North are disrupted. EPA-EFE/FOCKE STRANGMANN

Снежна бура со силен ветер ги погоди денеска северот и западот на Германија и доведе до стотици сообраќајни несреќи и застој во железничкиот сообраќај.

Полицијата соопшти дека 28 лица се повредени, од кои две потешко, во несреќи на замрзнати коловози.

Властите во провинцијата Северна Рајна-Вестфалија утрово соопштија дека од вчера попладне регистрирале 222 сообраќајни несреќи поради лоши временски услови.

Поради температурите под нулата, властите ги сместија бездомниците во топли засолништа.

Германската железница Дојче Бан информира дека се откажани возовите од Хамбург до Хановер и од Берлин кон западот на земјата. Некои поаѓања, што ги поврзуваат источните градови, исто така беа откажани, иако најголем дел од снегот падна во северозападниот дел на земјата.

Меѓу најтешко погодените места е градот Минстер, каде има толку многу снег на улиците што дури и амбулантни возила не можат да поминат, па затоа е прекинат целиот јавен превоз. Наврнаа над 30 сантиметри снег, а денеска се очекуваат нови врнежи од снег.

>
>