Снежна бура затрупа градови на северот на Италија: На некои места и до 2 метри снег!

 Снежна бура затрупа градови на северот на Италија: На некои места и до 2 метри снег!

Европската метеоролошка служба соопшти дека рано во понеделникот, наврнало околу 2 метри снег во делови од алпскиот регион на северот на Италија, притоа блокирајќи ги патиштата и затрупувајќи автомобили и куќи..

Алпско-јадранското метеоролошко друштво соопшти дека снегот целосно ги блокирал влезовите на голем број на куќи и други стамбени објекти, а најмногу снег наврнало во малото село Сапада. Од италијанската противпожарна служба соопштија дека пожарникарите извеле повеќе од 100 операции за чистење на патиштата од снегот.

Во регионот Венето, противпожарната служба соопшти дека со помош на специјализирано возило било спасено едно семејство кое останало заглавено на оддалечено подрачје.

Метеоролошките служби прогнозираат дека и во текот на следните неколку дена ќе наврне голема количина на снег во регионот.

>
>