Снимала алигатор со дрон, тој скокнал од водата и го зграбил – му експлодирал во уста

 Снимала алигатор со дрон, тој скокнал од водата и го зграбил – му експлодирал во уста

Дев напишала дека се обиделе да му се приближат на алигаторот кој имал отворена уста и мислеле дека дронот ќе успее да одлета. Алигаторот почнал да исчезнува во густиот чад кој се ширел од експлозијата од дронот во него.

Додека го тестирала својот нов дрон, Дев Х. Лангер се приближувала до гладниот алигатор во Националниот парк Еверглејдс во Флорида, а тој потоа скокнал од водата и го зграбил. Дев тоа го снимала и го споделила на Тик Ток профилот @devhlanger, пишува “Lad Bible”.

Алигаторот почнал да исчезнува во густиот чад кој се ширел од експлозијата на дронот во него.

Дев напишала дека се обиделе да му се приближат на алигаторот кој има отворена уста и дека мислеле дека дронот ќе успее да одлета.

Снимката собрала илјадници прегледи, а многумина изразиле загриженост за состојбата на алигаторот откако го проголтал дронот.

“Ќе умре 100 проценти ако ја изел батеријата, тоа е литиум и реагира со вода. Ќе изгори од внатре”, напишал еден корисник, а друг се согласил со него и додал дека не е смешно тоа што од алигаторот излегува чад.

Некои корисници се обиделе да дознаат зошто Дев користела дрон толку блиску до вода и додале дека е забрането да се користи дрон во национални паркови. Се заканувале дека снимката ќе ја покажат на чуварите на паркот.

x