
Снимен звукот на потресот во Петриња – звучи вознемирувачки/АУДИО
Хрватска во вторникот ја погоди страшен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот на земјотресот е во областите на Сисак и Петриња. Потресот предизвика огромна материјална штета во областа околу епицентарот. За жал, покрај голема материјална штета, земјотресот однесе и неколку животи.
Информативен канал специјализиран за следење на елементарни непогоди ширум светот објави аудио запис за земјотресот.
Аудио-снимката ја забележа сеизмички снимач на 49 километри од епицентарот на земјотресот. Снимката беше забрзана 20 пати, а на неа се слушаат два последователни земјотреси.