
Снимени застрашувачки видеа: Американски ловци на урагани влегоа во центарот на бурата „Ида“
Во државите Луизијана, Алабама и Мисисипи во САД е прогласена вонредна состојба, а милиони луѓе се уште се обидуваат да се евакуираат, иако ураганот Ида стигна до брегот.
Авион на Националната администрација за океани и атмосфера на САД полета рано наутро во неделата во самиот центар на ураганот за да ја испита неговата сила, пренесува Мондо.
Вака изгледа летот до центарот на ураганот ИДА:
Ураганот Ида е многу разорна бура од четврта категорија, која доби значителна сила додека се движеше низ Мексиканскиот Залив. Брзината на ветерот е 240 километри на час, објави Националниот центар за урагани.
Американскиот претседател Џо Бајден прогласи состојба на катастрофа во Луизијана и нареди да се обезбеди федерална помош за областите погодени од ураганот Ида, објави Белата куќа.
Според Си -Ен -Ен, најмалку едно лице загина, а многу делови од Луизјана останаа без електрична енергија. Многумина бараат помош и спасување затоа што нивните домови се опкружени со вода. Постои опасност од поројни поплави.