Снимка од двајца мажи од Босна и Херцеговина како туркаат автомобил стана хит, веднаш ќе забележите и зошто

 Снимка од двајца мажи од Босна и Херцеговина како туркаат автомобил стана хит, веднаш ќе забележите и зошто

На социјалните мрежи започна да се споделува видео кое е наводно снимено во околината на Мостар и на кое се гледа како двајца мажи туркаат автомобил, но приказната не завршила баш добро.

Имено, тие двајца го туркале автомобилот на дел од пат со надолнина и блага кривина, а за работите да бидат полоши, тука е и камениот ѕид. Веројатно веќе можете да погодите како завршило сè…

Сè течело во најдобар ред додека оделе по рамниот дел, но на надолнината, автомобилот (во согласност со законите на физиката) забрзал и на крајот удрил во ѕидот. Еден од мажите скокнал на страна, а другиот некако успеал да избегне автомобилот да го приклешти за ѕидот.

Видеото за кое се чини дека го снимила надзорна камера, го објавила Фејсбук страницата „Prometne zgode i nezgode“.

„Кога туркањето на автомобил ќе тргне на лошо“, стои во описот, а додадено е дека видеото е снимено во околината на Мостар. Според коментарите, оваа снимка насмеала многумина:

„Фали гориво“, „Брзи и жестоки“, „Симпатичен обид за освојување на Дарвинова награда“, се само дел од коментарите под снимката.

>
>