Снимка од спасување во Франција го одушеви светот

 Снимка од спасување во Франција го одушеви светот

На социјалните мрежи се шири снимка од спасувачка акција во 2019 година, снимена на француските Алпи.

Станува збор за акција на Алпите на висина од 2.200 метри, а на прв поглед изгледа како да е сцена од некој акционен филм.

Во објаснувањето на видеото стои дека француски полициски хеликоптер прави големи напори во спасувањето на повреден скијач, а се истакнуваат неверојатниот лет и вештините на пилотот кој успева во мисијата.