Снимка од војната помеѓу нарко-картелите и мексиканската полиција: Нападнале патрола, па ги запалиле полицајците и автомобилот

 Снимка од војната помеѓу нарко-картелите и мексиканската полиција: Нападнале патрола, па ги запалиле полицајците и автомобилот

Во државата Закатекас на северот на централен Мексико, вооружени напаѓачи отвориле оган кон четворица полицајци, по што мртвите тела ги ставиле во автомобил, а возилото го запалиле.

Во извештајот на мексиканската полиција кој уште еднаш ја шокираше нацијата, наведено е дека е распишана потерница по напаѓачите, а во размената на оган биле убиени двајца криминалци, а потоа и уапсени седмина.

Само неколку часа подоцна, полицијата открила таен магацин на нарко-картелот во кој биле пронајдени две лица киднапирани уште во јануари, но никој не бил уапсен.

Се уште не е познато кој стои зад нападот и грозоморното убиство на полицајците, но познато е дека во тој дел од Мексико оперира нарко-картелот „Зетас“.

x