Снимките најдобро ги покажуваат размерите на поплавите на подрачјето на Сараево – луѓето евакуирани со багери

Снимките најдобро ги покажуваат размерите на поплавите на подрачјето на Сараево – луѓето евакуирани со багери

Под вода се и населбите коишто се наоѓаат од двете страни на патот.

Видеоснимките од воздух најдобро ги прикажуваат размерите на поплавите кои го погодија Сараево како последица на разорното невреме кое траело во текот на изминатите денови.

Кадрите ги прикажуваат потопените населби, а реката Босна се излеала на неколку места и така поплавила објекти кои се наоѓаат покрај неа.

Под вода се и населбите кои се наоѓаат од двете страни на патот како и голем број на станбени објекти и приватни автомобили, а спасувачките екипи ги евакуирале жителите и ги преместиле на посигурни локации.

Поради цела ситуација нема ниту електрична енергија во поголем дел од Сараево, а некаде истата е исклучена поради безбедносни причини.

Од поединечни делови од градот луѓето биле евакуирани со багери. По обилните поројни дождови, надојдената река Железница предизвикува големи проблеми во пошироката област на Сараево.

https://www.facebook.com/plugins/video.php?height=314&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fvivostudio.ba%2Fvideos%2F2759309097702938%2F&show_text=false&width=560&t=0

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds