Со една состојка печените компири ќе бидат секогаш крцкави

Со една состојка печените компири ќе бидат секогаш крцкави

Нутриционистката Лора Форд сподели на социјалните мрежи одличен трик за подготовка на вкусни и крцкави печени компири со помош на една состојка.

Се работи за мед.

„Овој печен компир ќе ве направи навистина зависник; тој е совршен баланс на слатко и солено со крцкави рабови. Едноставно нема да можете да престанете да го јадете“, напиша Форд во својата објава, а еве што ќе ви треба и како се подготвува.

  • Потребни состојки:
  • 2 kg црвени компири
  • 2 лажици ладно цедено маслиново масло
  • 50 gr путер
  • вегета
  • сол
  • бибер
  • 1 лажица мед

Сварете сад со вода и додадете ги компирите. Гответе ги 4-5 минути додека не омекнат, но не мора да бидат готови. Додека се варат компирите, загрејте ја рерната на 200 степени. Во сад за печење на хартија ставете маслиново масло и путер и печете 2 минути додека не се растопи путерот.

Додадете ги исцедените компири и измешајте ги со маслото. Зачинете со вегета, сол и бибер. Внимавајте компирите да бидат рамномерно распоредени и да не се преклопуваат.

Печете 30 минути, па свртете и печете уште 25-30 минути или додека не стане крцкаво. Прелијте ги компирите со мед додека се уште топли и украсете ги со свежа мајчина душица.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds