Со графити покриени натписите со говор на омраза во Струга

 Со графити покриени натписите со говор на омраза во Струга

Активисти од клубот „Артивизам“ при Младински образовен форум со графити ги покрија зборовите и симболите што содржат омраза, испишани на кејот на реката Црн Дрим и на зградата на поштата во Струга.

– Зборовите и симболите на омраза не смеат да бидат дел од јавниот простор. Толеранцијата е клучна за одржување на мирот. Но, и за економскиот и социјалниот напредок на сите луѓе, а тоа особено се однесува на општествата како нашето, кои се мултиетнички и мултикултурни, велат од Младински образовен форум.

Иницијативата, како што посочија, е со поддршка од Хелсиншкиот комитет за човекови права и ќе биде реализирана на повеќе локации низ градовите каде што се мапирани натписи и графити што содржат говор на омраза.

Зборовите и симболите на омраза, според Општина Струга, не смеат да бидат дел од јавниот простор во градот.

>
>