• 26/09/2020

Со каков тест може да се влезе во Црна Гора?

 Со каков тест може да се влезе во Црна Гора?
loading...
Advertisement

Националното координативно тело за заразни болести на Црна Гора во петокот донесе одлука да им овозможи на жителите од сите земји во регионот и жителите на Соединетите држави да влезат во Црна Горасо направен PCR или ELISA тест. Исто така, донесена е одлука да им се овозможи на угостителските објекти да работат до 1 часот по полноќ.

Граѓаните на САД, Србија и Косово, Албанија, Босна и Херцеговина и Северна Македонија, како и граѓани на Црна Гора кои престојувале во овие земји, можат да влезат во Црна Гора под следниве услови:

– Да поседуваат негативен резултат на PCR тест на новиот коронавирус (SARS-CoV-2) или позитивен резултат на антитела на новиот коронавирус (SARS-CoV-2) класа IgG добиен со ELISA серолошки тест.
– Тестовите да се издадени од регистрирана лабораторија и не се постари од 72 часа во моментот на влез во Црна Гора.
– Во период од 15 дена пред влез во Црна Гора да не престојувале во некоја од државите од кои не е дозволен влез во Црна Гора.

Обврскaта за поседување на тест не се однесува на деца до навршени пет години, пренесува порталот Bankar.me.