• 12/08/2020
 Со Корона живееме веќе половина век, откриле научниците од САД, Кина и Европа

Со Корона живееме веќе половина век, откриле научниците од САД, Кина и Европа

loading...
Advertisement

Молекуларните биолози од Кина, САД и Европа ги споредиле геномите на десетици вируси кои се најтесно поврзани со САРС-КоВ-2 и откриле дека неговите претходни форми се одвоени од заедничкото еволутивно стебло на вирусот кај лилјаците одамна, пред 40 до 70 години.

Тим молекуларни биолози предводени од Дејвид Робертсон од Универзитетот во Единбург ја анализирале еволутивната историја на претходните форми на САРС-КоВ-2 со проучување на геномите на неколку десетици вируси кои се најтесно поврзани со него. Резултатите од истражувањето беа објавени во списанието Nature Microbiology.

Анализата покажа дека вирусите поврзани со САРС-КоВ-2 живеат во лилјаци веќе многу децении.

Овие вируси имаат заедничко потекло и можност за заразување на клетките на цицачи, што го олесни нивното пренесување на луѓето и што може да се случи повторно во иднина, посочуваат научниците.

Раздвојувањето на претходните форми на САРС-КоВ-2 од заедничко еволутивно стебло вирусот  меѓу лилјаците во јужна и југоисточна Кина се случи во периодот од 1948 до 1969 година, додека раздвојувањето на патогените клетки на Ковид–19 и САРС се случи подоцна, во периодот од 1952 до и 1970 година.

Резултатите од оваа студија посочуваат дека вирусите САРС-КоВ-2 циркулираат во лилјаци во јужна Кина повеќе од половина век, а нивната специфична структура, која им овозможува да се врзуваат за рецепторите на површината на клетките на белите дробови на неколку различни видови, објаснува зошто  два слични вируси го заразија човечкиот вид и предизвика сериозни епидемии на респираторни инфекции.

Можеби ке те интересира