Со обраќање од 2 минути Меркел ги остави сите без текст – во еден здив кажа две реченици, па исчезна

Со обраќање од 2 минути Меркел ги остави сите без текст – во еден здив кажа две реченици, па исчезна

Германската канцеларка Ангела Меркел, во рекордно кратко обраќање кон целата држава, објаснила каква е моменталната ситуација со коронавирусот.

Германската канцеларка Ангела Меркел, денес имала историско кратко обраќање во кое, верувале или не, кажала сè  за тоа каква е ситуацијата и што е клучно во наредниот период.

Канцеларката се појавила во ходникот од својот кабинет и се обратила кратко пред новинарите.

„Многу ми е важно да го насочам вниманието на тоа дека влегуваме во нова фаза од епидемијата и дека клучна важност во попуштањето на рестриктивните мерки се луѓето кои треба да ги почитуваат препорачаните мерки, а тоа се социјална дистанца и носење заштитни маски. Тоа е најважното. Ви благодарам“ – изјавила Меркел, а потоа се свртела и заминала.

Репортерот од „Guardian“ вели дека Меркел сето тоа го изговорила во еден здив и не била ‘челично мирна’ како што вообичаено настапува пред новинарите.

Нејзиното кратко обраќање следело откако во текот на изминатиов викенд во неколку германски градови граѓаните протестираа поради воведените мерки.

Во Германија до денес регистрирани се 172.658 случаи на заразени луѓе од коронавирусот, а починати се 7.681.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds