Со парична награда стружани ќе се мотивираат за почист град

 Со парична награда стружани ќе се мотивираат за почист град

На инцијатива на уметницата Лида Шерафатманд од Малта, која две години живее и твори во Струга, ќе се доделува награда од 100 евра за граѓаните кои доброволно ќе се погрижат за чистење на градот, а ќе го докажат тоа со фотографија.

– Наградата е со цел да се поттикнат индивидуи, кои се грижат за чистотата на градот, особено јавните простори за кои и работниците на комуналното претпријатие се грижат да бидат чисти. Наградата изнесува 6100 денари и ќе се доделува на 25-ти секој месец, по селекција од приложените фотографии од „пред и потоа“ чистење на местото, појаснува Шерафатманд.

Направените фотографии од јавен простор кој е загаден со ѓубре и по чистењето, како и податоци и контакт телефон од испраќачот или групата, треба да се испратат на info@lida.gallery почнувајќи од 1 јануари 2021 година. Победникот ќе биде избран според големината на исчистениот простор прикажан на фотографиите.

– Ја сакам прекрасната Струга и сакав да направам нешто добро за градот, изјави Шерафатманд за МИА, која подготвува колекција од уменички дела базирани врз флоралното наследство на територијата на општина Струга за природонаучниот музеј „Д-р Никола Незлобински“. Проектот е поддржан од јавното претпријатие „Комунално“, Стушкиот музеј, како и приватни компании.